Низок е ризикот од појава и ширење на ханатвирусот – оцени Комисијата за заразни болести која денеска ја разгледа состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки.

Од комисијата соопштија и дека здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата.

Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, како и со стандардни процедури за дијагностика на овој вирус. Клиниката за инфективни болести има соодветни капацитети за третман на евентуални пациенти со симптоми на хантавирус, соопштија од комисијата за заразни болести.

 За разлика од останатите варијанти на хантавирусот, андес варијантата има можност за пренос од човек на човек при подолг и близок контакт, но преносот не е брз и лесен како кај коронавирусните инфекции.

 

 

Слични новости

Собранието ќе расправа за законските измени за укинување на техничката влада

Собранието ќе расправа за законските измени за укинување на техничката влада

Во Собранието ќе се разгледува предлогoт за законските измени на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кои се создаваат услови за елиминирање на моделот на преодна, односно техничката влада.