Рибниот фонд во Средоземното и Црното море се опоравува, отако во минатата деценија е намалена неговата загрозеност од прекумерен риболов. Сепак, и натаму половина од вкупните видови риба се изложени на ризик од истребување со растечките климатски промени, предупреди денеска Агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделие ФАО.
Нивото на прекумерно ловење риба падна за 50 насто од 2013 година, додека уделот на рибни видови кои се ловат е двојно зголемен, благодарение на повнимателното управување со риболовот.
И покрај тоа, 52 насто од рибниот фонд и натаму е предмет на прекумерен риболов. Најмногу риба на Медитеранот лови Турција, а потоа следуваат Италија и Грција.
Слични новости
Основачот на швајцарската група за право на смрт почина со асистирано самоубиство
Шефот на швајцарската организација за право на смрт Dignatis почина со потпомогнато самоубиство, соопшти групата во неделата
Почина британскиот драматург Том Стопард
Сер Том Стопард, еден од најпознатите британски драматурзи, почина на 88 години, соопштија неговите агенти
Австралискиот премиер Ентони Албаниз се ожени на приватна церемонија
Австралискиот премиер Ентони Албаниз се ожени со својата партнерка со која е во врска пет години, Џоди Хејдон, на приватна церемонија во The Lodgeu, официјалната резиденција на премиерот во Канбера


