Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на 38 oтсто, што е најниска откако се врати во Белата куќа во јануари годинава, бидејќи Американците се незадоволни од неговото справување со кризата со високите трошоци за живот и аферата со починатиот осуден сексуален злосторник Џефри Епштајн, покажа истраживањето на јавното мнение што го спровел Ipsos за агенцијата Reutes.
Четиридневната анкета, која завршика во понеделникот, доаѓа во време кога влијанието на Трамп врз неговата Републиканска партија покажува знаци на опаѓање, пишува Reuters.
Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, во вторникot гласаше да го принуди Министерството за правда да објави документи за Епштајн. Трамп долго време се спротивставуваше на тоа, но одеднаш се предомисли во неделата. Законот сè уште мора да биде одобрен од Сенатот и потпишан од Трамп.
Анкетата покажа дека поддршката за Трамп опаднала за два отстотни поена во однос на анкетата спроведена на почетокот од ноември. Со онлајн анкетата биле опфатени 1.017 испитаници низ целата земја и има маргина на грешка од три отстотни поени.
Трамп имаше поддршка од 47 отсто од Американците на почетокот од неговиот втор мандат.
Неговата популарност сега е близу до најниските нивоа забележани за време на неговиот прв мандат во Белата куќа и близу до најниските рејтинзи на неговиот демократски претходник, Џо Бајден. Најниската поддршка за Бајден беше 35 отсто, а најнискиот на Трамп во неговиот прв мандат беше 33 отсто.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


