Речиси 4.400 луѓе биле сексуално злоупотребени од италијански свештеници во случаи пријавени од 2020 година, соопшти во петокот здружение на жртви, повикувајќи ги бискупите да сторат повеќе за справување со кризата што долго време ја потресува Католичката црква.

Rete L’Abuso, здружение за заштита на малолетници од злоставувања соопшти дека документирала 1.250 сомнителни случаи на злоупотреба <…> вклучувајќи 1.106 наводно извршени од свештеници.

Според извештајот на здружението, повеќето од жртвите биле малолетници, со речиси еднаква распределба по пол. Меѓу жртвите имало и пет калуѓерки, 156 возрасни и 11 лица со попреченост.

Се наведува и дека од 1.106 осомничени свештеници, само 76 биле подложени на црковни судења, 17 биле суспендирани, а 18 биле расчинети.

Комисијата за заштита на децата на Ватикан претходно ги критикуваше италијанските бискупи за недостиг од транспарентност – само 81 од 226 епархии одговориле на прашалник за нивните методи на заштита.

Податоците од „Rete L’Abuso, најголемото вакво здружение во Италија, се базираат на извештаи од жртви, судски извори и случаи објавени во медиумите, рече основачот Франческо Занарди.

Конференцијата на италијанските бискупи немаше коментар, рече портпаролот.

Католичката црква со години е потресувана од скандали поврзани со педофилски свештеници и прикривање на нивните злодела, но италијанските црковни водачи не успеаја да се справат со нив.

Новиот папа Лав, кој се сретна со здруженијата на жртви првпат оваа седмица им порача на бискупите дека не смеат да ги прикриваат случаите на сексуална злоупотреба. Неговиот претходник, папата Франциско, го направи проблемот приоритет на неговиот 12-годишен понтификат, но со делумен успех.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе