Според анкетата, 21,4 oтсто имаат тенденција да ја прифатат новата формула на владата а 16,5 проценти не ја прифаќаат, додека а 20,8 отсто од испитаниите воопшто не ја прифаќаат. Останатите речиси 4 отсто од анкетираните не можеле конкретно да одговорат.

Така, владата на Росен Жељазков составена од коалицијата ГЕРБ-СДС, со учество на БСП и „Има таков народ“ и со поддршка од ДПС, добива првично прифаќање од јавноста, иако мало, додаваат социолозите.

 

Во исто време, уделот на негативни реакции не е мал. Јавното прифаќање не е исто што и доверба или одобрување. Најпозитивни оценки има кај гласачките тела на партиите учеснички. Останатите, во најдобар случај, чувствуваат олеснување што е создаден некаков владин кабинет, додаваат од социолошката агенција.

Слична е сликата и за инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД: за 49,5 отсто од анкетираните, неговото доаѓање носи повеќе надеж, за 35,1 отсто, сепак, разочарување, а 15,4 отсто се неопределени.

Двоумењето станува сосема видливо на прашањето за војната во Украина: 47 отсто веруваат дека Трамп всушност може да најде излез од ситуацијата, но 44,3 проценти не веруваат во тоа, покажува брзата анкета.

Податоците се добиени во независна телефонска анкета на социолошката агенција МЕРА, спроведена на 16. и 17. јануари 2025 година меѓу 800 полнолетни бугарски граѓани.

globe

Слични новости

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Во вторникот, на барање на нивните колеги од Словенија, сараевската полиција спроведе рации со цел да ги приведе припадниците на организираниот криминал поврзани со убиството на Сатко Кекиќ, сведокот покајник

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.