Процентот на населението во Швајцарија на кое му се потрибни оптички помагала изнесува високи 81 насто, се наведува во студијата на Оптикшвајц, пренесуваат швајцарските медиуми.

Како што пренесува Свисинфо 53 насто од луѓето носат само очила, 22 насто користат и очила и контактни сочива, а само 3 насто носат исклучиво сочива.

Со истражувањето е утврдено дека поради природна пресбиопија на речиси секој постар поединец во Швајцарија му е потребно некакво визуелно помагало.

Стручњаците установија дека за слабеењето на видот, дури и кај помладата популација, придонесува и секојдневната употреба на дигитални уреди како што се смартфоните.

Слични новости

Домаќинот на Евросонгот вели дека нема да го придуши можното исвиркување на Израел

Домаќинот на Евросонгот вели дека нема да го придуши можното исвиркување на Израел

Австрискиот јавен радиодифузен сервис ORF, домаќин на Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година, нема да го забрани палестинското знаме во публиката, ниту да го придушува можносто исвиркување при настапот на Израел како што се случуваше на претходните натпревари

Илон Маск стана прв човек во историјата со имот вреден повеќе од 600 милијарди долари

Илон Маск стана прв човек во историјата со имот вреден повеќе од 600 милијарди долари

Растот на богатството на Маск е поврзан со проценката на вредноста на неговата компанија за ракети Спејс Икс, која неодамна беше проценета на 800 милијарди долари, во однос на 400 милијарди долари во август.