Процентот на населението во Швајцарија на кое му се потрибни оптички помагала изнесува високи 81 насто, се наведува во студијата на Оптикшвајц, пренесуваат швајцарските медиуми.

Како што пренесува Свисинфо 53 насто од луѓето носат само очила, 22 насто користат и очила и контактни сочива, а само 3 насто носат исклучиво сочива.

Со истражувањето е утврдено дека поради природна пресбиопија на речиси секој постар поединец во Швајцарија му е потребно некакво визуелно помагало.

Стручњаците установија дека за слабеењето на видот, дури и кај помладата популација, придонесува и секојдневната употреба на дигитални уреди како што се смартфоните.

Слични новости

Кина од Нова година воведува данок на кондоми

Кина од Нова година воведува данок на кондоми

Во обид да го поттикне порастот на наталитетот во Кина, од јануари следната година се воведува данок на кондоми. Како што пренесува Гардијан, данокот за кондоми ќе изнесува 13 насто, како и за другите средства за контрацепција.

Грок ја сортира содржината на Икс

Грок ја сортира содржината на Икс

Feed Following, што ги прикажуваше објавите според хронолошки редослед, сега е под контрола на вештачката интелигенција, што предизвика незадоволство кај корисниците.