Мигрантите играат сè поважна улога на пазарите на труд со високи приходи, според податоците објавени во понеделникот од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ – ILO) со седиште во Женева.

Во северна, јужна и западна Европа, уделот на вработени мигранти се зголемил во периодот меѓу 2013 и 2022 година од 22,5 отсто на 23,3 отсто. Уделот на мигрантите во работната сила е особено висок во Европа, Северна Америка и арапските земји.

Дел од причината е и стареењето на населението на овие простори. Мигрантите ги преземаат работните места на оние кои заминуваат во пензија, а се зголемува и побарувачката за старатели на стари лица.

Терминот „мигрант“ се однесува на секој кој работи надвор од својата матична земја. МОТ вклучува и лица со работни визи и мигранти без документи кои работат во земјата домаќин.

Добри две третини од нив се вработени во услужната индустрија, споредено со приближно половина од домашното население, покажуваат податоците.

Во светот, во 2022 година, уделот на мигрантите во вкупната работна сила изнесуваше 4,7 отсто. МОТ го процени вкупниот број на мигранти во светот на 284,5 милиони. Околу 255,7 милиони биле постари од 15 години, па затоа биле способни за работа. Од нив, 167,7 милиони биле вработени, за 30 милиони повеќе од 2013 година.

globe

Слични новости

Европското производство на батерии за автомобили треба да се потпира на Кина

Европското производство на батерии за автомобили треба да се потпира на Кина

Финансискиот колапс на шведскиот „Northvolt“ не го уништи целосно европскиот сон за развој на сопствени батерии за електрични возила, но за да го исполни веројатно ќе треба да се потпре на кинески инвестиции и експертиза

Доларот зајакна во однос на кошницата валути трета седмица со ред, еврото ослабна

Доларот зајакна во однос на кошницата валути трета седмица со ред, еврото ослабна

На девизните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна минатата седмица, третпат со ред, бидејќи американската централна банка соопшти дека има намера да го забави темпото на олабавување на монетарната политика