Мигрантите играат сè поважна улога на пазарите на труд со високи приходи, според податоците објавени во понеделникот од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ – ILO) со седиште во Женева.
Во северна, јужна и западна Европа, уделот на вработени мигранти се зголемил во периодот меѓу 2013 и 2022 година од 22,5 отсто на 23,3 отсто. Уделот на мигрантите во работната сила е особено висок во Европа, Северна Америка и арапските земји.
Дел од причината е и стареењето на населението на овие простори. Мигрантите ги преземаат работните места на оние кои заминуваат во пензија, а се зголемува и побарувачката за старатели на стари лица.
Терминот „мигрант“ се однесува на секој кој работи надвор од својата матична земја. МОТ вклучува и лица со работни визи и мигранти без документи кои работат во земјата домаќин.
Добри две третини од нив се вработени во услужната индустрија, споредено со приближно половина од домашното население, покажуваат податоците.
Во светот, во 2022 година, уделот на мигрантите во вкупната работна сила изнесуваше 4,7 отсто. МОТ го процени вкупниот број на мигранти во светот на 284,5 милиони. Околу 255,7 милиони биле постари од 15 години, па затоа биле способни за работа. Од нив, 167,7 милиони биле вработени, за 30 милиони повеќе од 2013 година.
Слични новости
Нов пад на индексите на Волстрит
Индексор Nasdaq се лизна од рекордното ниво, додека Dow Jones падна деветти ден по ред, што не е забележано од 1978 година.
Цените на нафтата под притисок на побарувачката додека се чека состанокот на Fеd
Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари во вторник, бидејќи податоците од кинеската економија ја обновија загриженоста за побарувачката, додека инвеститорите остануваат внимателни пред одлуката за каматната стапка на централната банка на САД
Бројот банкроти на компании во Германија за четвртина поголем во 2024.
Без знаци за подобрување, се очекува бројот на банкротите да достигне рекордно ниво во 2025 година, проценува германскиот давател на деловни информации