Мигрантите играат сè поважна улога на пазарите на труд со високи приходи, според податоците објавени во понеделникот од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ – ILO) со седиште во Женева.
Во северна, јужна и западна Европа, уделот на вработени мигранти се зголемил во периодот меѓу 2013 и 2022 година од 22,5 отсто на 23,3 отсто. Уделот на мигрантите во работната сила е особено висок во Европа, Северна Америка и арапските земји.
Дел од причината е и стареењето на населението на овие простори. Мигрантите ги преземаат работните места на оние кои заминуваат во пензија, а се зголемува и побарувачката за старатели на стари лица.
Терминот „мигрант“ се однесува на секој кој работи надвор од својата матична земја. МОТ вклучува и лица со работни визи и мигранти без документи кои работат во земјата домаќин.
Добри две третини од нив се вработени во услужната индустрија, споредено со приближно половина од домашното население, покажуваат податоците.
Во светот, во 2022 година, уделот на мигрантите во вкупната работна сила изнесуваше 4,7 отсто. МОТ го процени вкупниот број на мигранти во светот на 284,5 милиони. Околу 255,7 милиони биле постари од 15 години, па затоа биле способни за работа. Од нив, 167,7 милиони биле вработени, за 30 милиони повеќе од 2013 година.
Слични новости
Домаќинствата од јануари ќе плаќаат за 0,92 отсто поскапа струја
Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари 2025 ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.
Оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%.
Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци
Годишните потрошувачки цени се зголемија за 2,6 отсто минатиот месец, во однос на растот од 2,3 отсто во октомври и значително над септемврискиот раст од 1,7 отсто. Тогаш, првпат по речиси три ипол години, инфлацијата падна под целното ниво на централната банка од 2 отсто