Ретката апстрактна слика „Композиција III“ од холандскиот уметник Пит Мондријан се очекува да биде продадена на аукција во Лондон за сума меѓу 20 и 30 милиони фунти.

Делото, насликано во 1920 година, се нуди за првпат, а продажбата е закажана за денеска во аукциската куќа „Кристис“, во рамките на лондонската уметничка недела „Фриз“.

Сликата не била јавно изложена повеќе од 25 години.

„Композиција III“ настанала во периодот кога Мондријан ја развивал својата уметничка теорија на неопластицизмот, заснована на едноставни геометриски форми, прави линии и основни бои.

Слични новости

Истражувачите тврдат дека ја пронајдоа „Ноевата арка“

Истражувачите тврдат дека ја пронајдоа „Ноевата арка“

Истражувачите на организацијата „ Noah’s Ark Scans“ кои со години ја испитуваат формацијата Дурупинар на истокот од Турција, тврдат дека новите радарски истражувања дополнително ја засилиле тезата дека под земјата се наоѓаат остатоци од структурата која се поврзува со библиската „Ноева арка“.