Ретката апстрактна слика „Композиција III“ од холандскиот уметник Пит Мондријан се очекува да биде продадена на аукција во Лондон за сума меѓу 20 и 30 милиони фунти.
Делото, насликано во 1920 година, се нуди за првпат, а продажбата е закажана за денеска во аукциската куќа „Кристис“, во рамките на лондонската уметничка недела „Фриз“.
Сликата не била јавно изложена повеќе од 25 години.
„Композиција III“ настанала во периодот кога Мондријан ја развивал својата уметничка теорија на неопластицизмот, заснована на едноставни геометриски форми, прави линии и основни бои.
Слични новости
Новиот Спајдермен надмина заработка од две милијарди долари
За време на викендот Спајдермен ја надмина заработката од две милијарди долари глобално, што го прави втор филм кој успеал да оствари таков спекатукаларен резултат за кусо време, и само осми филм на сите времиња што заработил повеќе од две милијарди долари.
„Крајот на улицата на дабовите“ на Ворнер викендов ја имаше светската премиера
Научно -фантастичниот филм со диносауруси на студиото Ворнер „Крајот на улицата на дабовите“ викендов ја имаше светската премиера со солиден успех на кино благајните.
Одисеја на Кристофер Нолан го задржа второто место на Бокс офисот и стигна до 1,3 милијарди долари заработка
„Одисеја“ на Кристофер Нлан и студиото Универзал остана на второто место на американскиот Бокс офис во петтата недела од прикажувањето со заработка од 23,2 милиони долари ширум кината во САД.

