Ретката апстрактна слика „Композиција III“ од холандскиот уметник Пит Мондријан се очекува да биде продадена на аукција во Лондон за сума меѓу 20 и 30 милиони фунти.

Делото, насликано во 1920 година, се нуди за првпат, а продажбата е закажана за денеска во аукциската куќа „Кристис“, во рамките на лондонската уметничка недела „Фриз“.

Сликата не била јавно изложена повеќе од 25 години.

„Композиција III“ настанала во периодот кога Мондријан ја развивал својата уметничка теорија на неопластицизмот, заснована на едноставни геометриски форми, прави линии и основни бои.

Слични новости

Во Шпанија искличителни жештини, измерени за септември рекордни 45,7 степени

Во Шпанија искличителни жештини, измерени за септември рекордни 45,7 степени

Рекордната температура била измерена во Ел Гранадо на југот од Андалузија, на границата со Португалија, соопшти шпанската метеоролошка служба. Истовремено, соборен е и рекордот за највисока температура во Шпанија во месец септември.