Францускиот производител на автомобили Рено објави дека ќе укине 15-20 насто од работните позиции во глобалниот инженерски сектор поради силната конкуренција од Кина, што ќе погоди околу 2.000 вработени во наредните две години.

Компанијата не зборува за класични откази, но напоменува дека ќе спроведе реорганизација низ национални планови за прилагодувања, вклучувајќи и преквалификации, внатрешни трансфери и заминување на вработените во предвремени пензии, пренесува весникот „Фигаро“.

Најавуваните кратења во Рено се дел од планот „подготвени за иднината“ што го претстави новиот генерален директор на Рено групата Франсоа Прево.

Слични новости

Златото собори нов рекорд

Златото собори нов рекорд

Инвеститорите ги следат геополитичките напнатости околу Грендланд и Иран, што придонесе инвеститорите да се свртат кон сигурни утошишта како што е златото што резултира со постојано кревање на цената на златото.