Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Тренеска-Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија при Советот на Европа.

Како што објави на својот профил, изборот е донесен на 145. сесија на Комисијата во Венеција на 12 и 13 декември, при што за претседателка е избрана италијанската професорка Марта Картабија, а за потпретседатели, покрај Дескоска, и Ерик Холмовик од Норвешка и Тимоти Оти од Обединетото Кралство.

Дескоска нагласува дека станува прва потпретседателка на Венецијанската комисија која доаѓа од Северна Македонија, но и воопшто од земја која не е членка на Европската унија, како и прва личност од државите произлезени од поранешна Југославија во оваа позиција.

 

Слични новости

Најстудено утрово во Берово и Петровец

Најстудено утрово во Берово и Петровец

Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -5 во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови