Во последниот неделен натпревар од 31. коло на италијанската Серија А, Рома на својот „Олимпико“ го пречека Јувентус, а натпреварот заврши со резултат 1:1.

Торинската „Стара дама“ поведе во 40. минута со голот на Мануел Локатели. Рома израмни во 49. минута со голот на Елдор Шомуродов.

Јувентус сега има 56 бодови и е на четвртото место со исто толку бодови како Болоња, која во понеделник ќе му гостува на Наполи. Рома се најде на седмата позиција со 53 бодови. Интер е на врвот со 68 бодови, вториот Наполи има 64 со натпревар помалку.

Фудбалерите на Аталанта го претрпеа и третиот последователен пораз, а овојпат на својот терен во Бергамо беа поразени од римски Лацио со 1:0. Трите бода за гостите ги осигура Данецот Густав Исаксен со погоокот во 54. минута.

Аталанта трет натпревар по ред остана без голови, исто како и во минатото коло против Фиорентина (0:1) и пред две кола против Интер (0:2). Сепак, тимот од Бергамо и натаму е трет со 58 бодови, но веќе не е конкурентен во борбата за титулата. Лацио сега се најде на шестата позиција со 55 бодови.

Фудбалерите на Торино на домашен терен одиграа 1:1 против Верона. Торино можеше да поведе во 62. минута, но Че Адамс промаши пенал, бидејќи гостинскиот голман Лоренцо Монтипо му го одбрани прилично лошиот удар. Две минути подоцна гостите поведоа по големата грешка на голманот на Торино, Вања Милинковиќ-Савиќ, чиј обид за исфрлање на топката го блокираше Амин Сар а топката се одби во мрежата.

Торино израмни во 67. минута, кога Никола Влашиќ прекрасно му ја додаде топката на македонскиот репрезентатувец Ељиф Елмас, кој со удар од работ на шеснаесетникот го совлада Монтип.

Домашните го завршија натпреварот со десет играчи, бидејќи Ричи беше исклучен во 86. минута поради прекршок.

Торино е на 10. место со 40 бодови, а Верона е на 14. позиција со 31 бод.

globe

Слични новости

Денвер го отпушти тренерот Мајкл Мелоун

Денвер го отпушти тренерот Мајкл Мелоун

Мајкл Мелоун повеќе не е главен тренер на Денвер Нагетс, со кого ја освои шампионската титула во НБА во 2023 година, а доби отказ на само три натпревара пред крајот на регуларниот дел од сезоната