Цената на златото, кое се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња, претпладнево достигна ново рекордно ниво – 3.111 долари за унца.
Поради неизвесноста на финансиските пазари, цената на златото порасна за повеќе од 18 отсто од почетокот на годината и е на пат за најголемиот квартален скок од 1986 година.

На девизните пазари, пак, благо падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 103,88 поени, додека во петокот на затворањето на тргувањето беше 104,01 поен.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 149,90 на 149,10 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0835 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0827 долари.
Цените на нафтата, пак, изгубија дел од минатонеделните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,31 отсто, на 73,40 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,49 отсто, на 69,05 долари.
Слични новости
Цените на нафтата блиску до 75 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари близу нивото од 75 долари, балансирајќи меѓу загриженоста за понудата од Русија поради американските закани со царини и стравувањата дека бранот царини би можел да го спречи глобалниот економски раст и побарувачката на енергија
Италијанската „illy“ размислува за печење кафе во САД
Италијанскиот производител на кафе „illycaffè“, објави дека ја разгледува можноста за печење кафе во САД за да ја елиминира заканата од поскапувања што би настанале со новите царини
Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март
Инфлацијата во еврозоната благо ослабе во март, бидејќи значително поумерениот пораст на цената на услугите го надмина скокот на цените на свежата храна, покажаа во вторникот објавените проценки на Европската статистичка служба