ЛА Лејкерс денеска на свој терен го победија Кливленд со 127:113 и на шест натпревари пред крајот на регуларната сезона го зацврстија третото место во западната конференција на НБА лигата.

Најефикасен во тимот на Лејкерс беше Словенецот Лука Дончиќ кој постигна 42 коша. Со тоа Дончиќ стаса до 600 поени дадени во месец март, со што стана само еден од десетмината играчи во историјата на НБА што успеале да постигнат толкав број на кошеви во еден месец.

Дончиќ стана и играч на Лејкерси со најмногу поени во еден месец, уривајќи го рекордот на легендарниот Кобе Брајант.

Слични новости

Италија, Данска, Косово и Полска без пласман на Светското првенство, се пласираа Босна, Ќешка, Турција и Шведска

Италија, Данска, Косово и Полска без пласман на Светското првенство, се пласираа Босна, Ќешка, Турција и Шведска

Италија го пропушта и третото Светско фудбалско првенство во низа, што е најголемото изненадување од баражите за пласман на Мундијалот. Тие синоќа во Зеница загубија на пенали од Босна и Херцеговина.