Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер Сити минатата сезона забележа рекорден приход од 715 милиони фунти, објавија „Граѓаните“ на својата официјална веб-страница.
Тоа е трета сезона по ред со рекордни приходи за клубот, но профитот е намален од 80,4 милиони фунти на 73,8 милиони фунти во споредба со минатата сезона.
Сити во сезоната 2023/24. го освои првенството, клупското Светско првенство, Суперкупот на Европа и англискиот куп ФА Комјунити шилд, а главни извори на приходи се рекламирањето, телевизиските права и ставката „match day“.
„Наша постојана амбиција е освојувањето трофеи, но и заштитен знак на нашата организација. Овој организациски пристап сега е дел од нашата ДНК. Тоа е производ на непоколебливата сосредоточеност на постојано подобрување, во секој аспект на организацијата”, рече претседателот на клубот Калдун ал Мубарак.
„Нашата четврта последователна титула во Премиер лигата беше достигнување што го однесе Манчестер Сити на место каде што не бил друг англиски клуб“, додаде извршниот директор Феран Сориано.
Клубот соопшти дека главниот фокус на клубот се инвестициите во инфраструктурата, со започната работа на проширување на стадионот „Итихад’ за 300 милиони фунти.
Сити моментно е на четвртото место во Премиер лигата со 27 бодови, осум помалку од лидерот Ливерпул, додека во Лигата на шампионите е на скромното 22. место со осум бодови.
Слични новости
Летонскиот кошаркар Тима се самоуби
Латвискиот кошаркар Јанис Тима се самоубил во вторникот во хотел во центарот на Москва, објави Евролигата
Роналдо сака да стане претседател на Бразилската фудбалска асоцијација
Поранешната бразилска ѕвезда Роналдо сака да го замени Едналдо Родригеш на функцијата претседател на Бразилската фудбалска асоцијациј
НБА: Десетти „трипл-дабл“ на Јокиќ сезонава за тесна победа на Денвер
Никола Јокиќ го забележа десеттиот „трипл-дабл“ сезонава за Денвер Нагетс кои славеа тесна победа над Сакраменто Кингс со 130:129