Американската технолошка компанија „Алфабет“, матината фирма на „Гугл“ ги објави финансиските резултати за втроиот квартал од 2026 и наведе дека вкупните приходи достигнале 119,8 милијарди долари, што претставува раст од 24 насто во однос на истиот период минатата година.

Остварувањата на „Алфабет“ ги надминаа прогнозите на аналитичарите, но нивните акции сепак паднаа, поради најавите за капитални расходи кои во 2026 би можеле да достигнат дури 205 милијарди долари.

Главниот двигател на успехот на „Алфабет“ е „Гугл клауд“ кој забележа експлозивен скок на приходите од речиси 82 насто, достигнувајќи 24,8 милијарди долари за минатиот квартал, пренесе Си-Ен-Би Си.

 

 

Слични новости

Трамп ја обвини Канада за огромни давачки, откако пропаднаа трговските преговори меѓу двете земји

Трамп ја обвини Канада за огромни давачки, откако пропаднаа трговските преговори меѓу двете земји

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја обвини Канада дека со години наплаќала огромни царини на американските земјоделски продукти и најави дека сега доаѓа крајот на таквата практика.