Фудбалските менаџери во глобални рамки во 2025 година заработиле рекорден износ во споредба со претходните години, соопшти ФИФА.
Според податоците на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), во периодот од 1 јануари до 1 декември 2025, менаџерите вклучени во трансфери во машкиот фудбал заработиле 1,37 милијарди долари. Ова е далеку над претходниот рекорд од 889,4 милиони долари поставен во 2023 година.
Најмногу пари менаџерите заработиле од англиските клубови кои платиле 375 милиони долари на менаџери на фудбалерите, додека клубовите во Германија се на второ место со 165 милиони долари.
Фудбалските менаџери во 2025 оствариле рекордна заработка и во женскиот фудбал, во вкупен износ од 6,2 милиони долари. Ова е двојно повеќе од 2024 година и 13 пати повеќе од 2020 година, објави ФИФА.
Според податоците на ФИФА, заклучно со 4 декември оваа година, имало 10.525 лиценцирани фудбалски менаџери во целиот свет.
Слични новости
Мемфис подобар од Минесота, Чикаго од Кливленд
Кошаркарите на Мемфис ја победија Минесота со 116:110 на гостински терен во НБА лига во ноќта од средата кон четвртокот, додека Чикаго го победи Кливленд со 127:111 пред своите навивачи
Манчестер Сити и Њукасл Јунајтед во полуфиналето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако го победија Брентфорд со 2:0 пред своите навивачи
Реал oдвај го мина третолигашот во шпанскиот куп
Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија место во осминафиналето на шпанскиот Кралски Куп откако го победија третолигашот Талавера де ла Реина со 3:2 на гостински терен


