Фудбалските менаџери во глобални рамки во 2025 година заработиле рекорден износ во споредба со претходните години, соопшти ФИФА.
Според податоците на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), во периодот од 1 јануари до 1 декември 2025, менаџерите вклучени во трансфери во машкиот фудбал заработиле 1,37 милијарди долари. Ова е далеку над претходниот рекорд од 889,4 милиони долари поставен во 2023 година.
Најмногу пари менаџерите заработиле од англиските клубови кои платиле 375 милиони долари на менаџери на фудбалерите, додека клубовите во Германија се на второ место со 165 милиони долари.
Фудбалските менаџери во 2025 оствариле рекордна заработка и во женскиот фудбал, во вкупен износ од 6,2 милиони долари. Ова е двојно повеќе од 2024 година и 13 пати повеќе од 2020 година, објави ФИФА.
Според податоците на ФИФА, заклучно со 4 декември оваа година, имало 10.525 лиценцирани фудбалски менаџери во целиот свет.
Слични новости
И помладиот син на Ибрахимовиќ стана член на Милан
Синот на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, 17-годишниот Винсент Ибрахимовиќ, потпиша професионален договор со Милан, објавија „Росонерите“
Стефан де Вриј блиску до заминување од Интер
Холандскиот стопер Стефан де Вриј е незадоволен од својата минутажа во Интер и би сакал да ја промени средината веќе во зимскиот преоден рок за да ги зголеми шансите да биде во составот на репрезентацијата за Светското првенство во 2026 година
ФИФА ги избра Усман Дембеле за најдобар играч и Луис Енрике за најдобар тренер за 2025
Француската напаѓач Усман Дембеле е прогласен за најдобар играч во изборот на ФИФА за 2025, пред играчот на Реал Килијан Мбапе и тинејџерот на Барцелона Ламин Јамал.


