Поради ескалацијата на царинската војна, инвеститорите бараат побезбедно засолниште за капиталот, па цената на златото од почетокот на седмицава се зголеми за 2,6 отсто и утринава достигна рекордно ниво – 2.990 долари за унца.
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна во петокот во претпладневното тргување.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,98 поени, додека вчера во истито пресек од тргувањето изнесуваше 103,60 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 147,75 на 148,60 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во истиот момент изнесуваше 1,0885 долари.
Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,60 отсто, на 70,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,66 отсто, на 66,95 долари.
Слични новости
Доларот слабее, цената на нафтата расте
На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошницата со валути
Волстрит падна втор ден по ред
Цените на акциите паднаа на Волстрит во вторник втор ден по ред бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери ќе ѝ наштети на економијата
ЕУ воведува контрамерки на американските царини
Европската комисија воведува контрамерки откако во средата стапија на сила американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија