Поради ескалацијата на царинската војна, инвеститорите бараат побезбедно засолниште за капиталот, па цената на златото од почетокот на седмицава се зголеми за 2,6 отсто и утринава достигна рекордно ниво – 2.990 долари за унца.

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна во петокот во претпладневното тргување.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,98 поени, додека вчера во истито пресек од тргувањето изнесуваше 103,60 поени.

 

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 147,75 на 148,60 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во истиот момент изнесуваше 1,0885 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,60 отсто, на 70,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,66 отсто, на 66,95 долари.

globe

Слични новости