РБ Лајпциг потврди дека преговорите со Париз Сен Жермен завршиле, а 21-годишниот холандски фудбалски репрезентативец Чави Симонс дефинитивно станува играч на германскиот бундеслигаш.
Во 2023 година, Симонс премина во ПСЖ од ПСВ, но од таа година до денес е на позајмица во РБ Лајпциг. Клубот од Лајпциг сега реши да го откупи неговиот договор, а Симонс потпиша договор до јуни 2027 година.
Лајпциг ги урна и сите клупски трансфер рекорди. Клубовите официјално не ја објавија сумата на оваа зделка, но медиумите наведуваат дека е платена отштета од 50 милиони евра, при што целата зделка потенцијално вреди близу 80 милиони евра со бонуси.
„Отсекогаш сум велел дека во Лајпциг се чувствувам како дома и чест ми е што овој клуб секогаш ми покажувал огромна почит“, изјави во оваа прилика Симонс, кој за Лајпциг на 60 настапи постигна 15 гола и даде 19 асистенции.
Лајпциг не се пласираше меѓу најдобрите 24 екипи во актуелната Лига на шампиони, додека моментално е на петтото место во Бундеслигата.
Претходниот најголем дојдовен трансфер на Лајпциг беше белгискиот фудбалер Лоис Опенда, за кого на Ланс му беше исплатена отштета од 40 милиони евра.
Слични новости
Манчестер Сити – Реал Мадрид во шеснаестинафиналето на Лигата на шампионите
Фудбалската Лига на шампиони влегува во нокаут фазата, а денес во седиштето на УЕФА во Нион беше организирана жрепката за првата нокаут рунда односно 1/16 финалето
Тотенхем му нуди на Баерн 60 милиони евра за 19-годишниот Матис Тел
Лондонски Тотенхем му понудил на Баерн 60 милиони евра за 19-годишниот француски напаѓач Матис Тел, објавија во петокот британските медиуми
НБА: Избрани играчи за Ол-стар натпреварот
Главните тренери на НБА избраа седум играчи од секоја конференција како резерви за овогодинешниот „Ол-стар“ натпревар што ќе се одигра на 16. февруари во Сан Франциско