РБ Лајпциг потврди дека преговорите со Париз Сен Жермен завршиле, а 21-годишниот холандски фудбалски репрезентативец Чави Симонс дефинитивно станува играч на германскиот бундеслигаш.
Во 2023 година, Симонс премина во ПСЖ од ПСВ, но од таа година до денес е на позајмица во РБ Лајпциг. Клубот од Лајпциг сега реши да го откупи неговиот договор, а Симонс потпиша договор до јуни 2027 година.
Лајпциг ги урна и сите клупски трансфер рекорди. Клубовите официјално не ја објавија сумата на оваа зделка, но медиумите наведуваат дека е платена отштета од 50 милиони евра, при што целата зделка потенцијално вреди близу 80 милиони евра со бонуси.
„Отсекогаш сум велел дека во Лајпциг се чувствувам како дома и чест ми е што овој клуб секогаш ми покажувал огромна почит“, изјави во оваа прилика Симонс, кој за Лајпциг на 60 настапи постигна 15 гола и даде 19 асистенции.
Лајпциг не се пласираше меѓу најдобрите 24 екипи во актуелната Лига на шампиони, додека моментално е на петтото место во Бундеслигата.
Претходниот најголем дојдовен трансфер на Лајпциг беше белгискиот фудбалер Лоис Опенда, за кого на Ланс му беше исплатена отштета од 40 милиони евра.
Слични новости
Манчестер Јунајтед го доведе Данецот Доргу
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 20-годишниот дански лев бек Патрик Доргу до 2030 година, објави во неделата клубот од Премиер лигата
Рудигер неизвесен, неизвесен за натпреварот против Манчестер Сити
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, го повреди мускулот на десната бутина на мечот против Еспањол во саботата и е неизвесен неговиот настап во првиот натпревар од плеј-офот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити
Изненадувачка размена во НБА – Дончиќ во Лејкерс, Дејвис во Маверикс
Лејкерс и Маверикс предизвикаа возбуда во НБА, откако ESPN рано наутро во неделата објави дека тимовите завршиле со трејдот што ќе го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес и Ентони Дејвис во Далас