Во Србија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори за 250 места во Народното Собрание. Изборната пресметка се води меѓу СНС на актуелниот претседател Александар Вучиќ и Студентската листа.

Уште од отворањето на избирачките места во 07 00 часот огромни колони луѓе чекаат да го искористат своето право на глас, а одзивот е рекорден. Според податоците на ЦРТА одзивот на изборите во Србија до 10 часот изнесува 19,8 насто, што е двојно повеќе од изборите во 2023.

Големи редови има и во дипломатските претставништва на Србија во странство каде што има незапамтен одзив на дијаспората.

Гласањето ќе трае до 20 часот вечерва, а засега се забележани вообиќаени инциденти за општество со толку изразена политичка поларизација, кое го одбележаа протести на студентите кои траат веќе две години.

Слични новости

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Синоќа нови протести во Тирана при што повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства кон полициските сили, кои возвратија со солзавец и водени топови за да ја растераат толпата.