Пазарот на трудот во Шпанија го продолжи силниот растечки тренд и покрај глобалните тензии, бидејќи бројот на вработени во март во Шапнија порасна за 211 000 луѓе.

Бројот на работници во Шпанија со ова ја достигна бројката од 22 милиони, што е рекордна вредност од почетокот на водењето на статистиката за овој параметар од 2001.

Најголем придонес за растот на вработеноста даде секторот на туризмот и угостителството кој отвори 80.000 нови работни места, а значаен раст е забележан и во градежништвото, здравството и индустријата.

Слични новости

Пад на цените на нафтата

Пад на цените на нафтата

Цената на суровата нафта Брент падна за околу 4,3% на 94,62 долари за барел во понеделник до 23:45 часот по источно време.