На европските берзи, цените на акциите вчера пораснаа. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,75 отсто, на 9.940 поени, додека Франкфуртскиот DAX порасна за 0,57 отсто, на 24.490 поени, а парискиот CAC за 0,69 отсто, на 8.168 поени.
Благодарение на ова, индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,7 отсто, пробивајќи над 590 поени првпат во историјата. Оваа година порасна за околу 17 отсто.
Повеќето европски берзи се затворени во среда.
Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион скокна за 27 отсто оваа година, најмногу од 2017 година, главно благодарение на зголемувањето на цените на акциите кај производителите на чипови и другите технолошки компании кои развиваат вештачка интелигенција.
Јужнокорејскиот индекс Kospi скокна најмногу, за дури 76 проценти, додека цените на акциите во Шангај пораснаа за 18 проценти, а во Хонг Конг за 28 отсто.
Јапонскиот индекс Nikkei порасна за 26 отсто.
Благодарение на сево ова, индексот MSCI на сите светски берзи, кој содржи акции на повеќе од 2.500 компании, порасна за 21 отсто оваа година и достигна рекордно ниво од 1.024 поени на крајот од минатата седмица.
Слични новости
Компанијата на Доналд Трамп ќе гради небодер во Австралија вреден 900 милиони евра
Американската компанија во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор за изгардба на својот прв небодер во Австралија вреден 1,5 милијарди австралијански долари или 900 милиони американски долари.
Кина ги повика САД да ги укинат едностраните царини
Кинеското министрство за трговија соопшти дека врши „целосна проценка“ на пресудата со која Врховниот суд на Соединетите Американси Држави минатата недела ги укина царините што САД ги воведоа за голем број на земји
Кина ги надмина САД како главен трговски партнер на Германија
Кина ги претекна САД како главен трговски партнер на Германија, покажуваат податоците на германскиот Сојузен завод за статистика, додека канцеларот Фридрих Мерц се подготвува за првата посета на Пекинг од стапувањето на должноста


