Одзивот на вонредните парламентарни избори во Србија до 17 часот изнесува рекордни 60,9 насто објави Центарот за слободни избори и демократија Цесид. Одзивот до 17 часот на изборите во во 2023 изнесувал 47,2 насто.
ЦРТА соопшти одзив од 16 часот кој изнесуваше 56,4 насто, што веќе е поголем одзив од излезноста по затварање на гласачките места.
Независните медиуми во Србија објавуваат голем број на инциденти, напади врз новинари и посматрачи на изборите, како и голем број на неправилности на изборната процедура, пред се сликање на гласачките ливчиња.
Регистрирани се физички напади на маскирани лица врз граѓани, а во повеќе наврати интервенираше и полицијата.
Огромни гужви за гласање има и во конзуларните претставништва на Србија во странство, каде што српските граѓани чекаа да го остварат правото на глас, а во Њујорк уште од 02 часот ноќе.
Изборите во Србија се третираат како историски, а директен судир на изборите има Студенстката листа по две години протести на студентите на улиците и СНС на актуелниотпретседател Александар Вучиќ кој е веќе 14 години на власт.
Слични новости
Колони возила на Богородица
На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.
На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ
Референдумот во Исланд за продолжување на преговорите за членство во Европска Унија сосема ги подели жителите на островото. Според нецелосните резултати, 51,2% од гласачите се изјасниле за, а 48,8% се „против“, при што државната телевизија „РУВ“ објави дека разликата е стотици гласови.
Цените на нафтата во пад поради намалениот ризик од пореметување во снабдувањето
Американската лесна нафта ВТИ се движи по цена од околу 83 долари за барел, додека Северноморската нафта Брент е на ниво од околу 88 долари за барел.


