Одзивот на вонредните парламентарни избори во Србија до 17 часот изнесува рекордни 60,9 насто објави Центарот за слободни избори и демократија Цесид. Одзивот до 17 часот на изборите во во 2023 изнесувал 47,2 насто.

ЦРТА соопшти одзив од 16 часот кој изнесуваше 56,4 насто, што веќе е поголем одзив од излезноста по затварање на гласачките места.

Независните медиуми во Србија објавуваат голем број на инциденти, напади врз новинари и посматрачи на изборите, како и голем број на неправилности на изборната процедура, пред се сликање на гласачките ливчиња.

Регистрирани се физички напади на маскирани лица врз граѓани, а во повеќе наврати интервенираше и полицијата.

Огромни гужви за гласање има и во конзуларните претставништва на Србија во странство, каде што српските граѓани чекаа да го остварат правото на глас, а во Њујорк  уште од 02 часот ноќе.

Изборите во Србија се третираат како историски, а директен судир на изборите има Студенстката листа по две години протести на студентите на улиците и СНС на актуелниотпретседател Александар Вучиќ кој е веќе 14 години на власт.

 

 

 

Слични новости

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.

Голем пожар над албанскиот приморски град Химара

Голем пожар над албанскиот приморски град Химара

Голем пожар изби над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, кој добива загрижувачки размери поради ветерот. Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста се евакуирани локални жители и туристи до целосно стабилизирање на состојбата.