Разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за владината реконструкција продолжуваат, откако и по последната средба не е постигнат конечен договор за сите кадровски решенија.

Според најавите, нов круг преговори се очекува викендов, а предлогот за реконструкција би можел да биде доставен до Собранието на почетокот на следната недела. Спикерот Африм Гаши потврди дека засега нема официјален предлог од Владата.

Неофицијално, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги преземе ресорите Здравство, Социјална работа и демографија и Евроинтеграции, додека коалицијата ВРЕДИ би ги добила Правда, Култура, Спорт и Односи меѓу заедниците.

Се разгледуваат и дополнителни кадровски промени, при што неколку актуелни министри се споменуваат како можни замени или ротирања на други функции.

 

Слични новости

Директорот на пензискиот фонд Мемов порачува дека пензиите во Македонија не се доведени во прашање

Директорот на пензискиот фонд Мемов порачува дека пензиите во Македонија не се доведени во прашање

Мемов порача дека најважно е што во ниту еден момент не е доведено во прашање здравственото осигурување на пензионерите. Тој ги повика пензионерите да бидат уверени во редовната исплата на пензиите кои се врвен приоритет на раководството на ПИОМ и на владата.

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“ – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција.