Осмото продолжение на хоророт „Резидент евил“ франшиза настаната од видео игра беше убедливо прв на американскиот Бокс офис со заработка од 60 милиони долари. Успехот на филмот на Бокс офисот ги надмина сите очекувања и е исклучок за осмо продолжение на хорор филм .

„Практичната магија 2“ на Ворнер со Никол Кидман и Сандра Булок го зазеде второто место со заработка од 12,2 милиони долари и вкупна заработка од 50 милиони во САД за две недели прикажување.

Спајдермен падна на третото место со заработка од 6,5 милиони долари викендов, но стана најдобар филм во историјата на американскиот Бокс офис со рекордна заработка од 944,5 милиони долари во САД. Глобално филмот заработи 2,5 милијарди долари.

Слични новости

Грција на удар на нов жежок бран

Грција е на удар на топлотен бран, а според пишувањето на грчките медиуми термалните камери забележаа температура и до 60 степени Целзиусови на асфалтот на сообраќајниците и дури 75 степени Целзиусови на покривите на зградите во некои подрачја.

„Одисеја“ на Критофер Нолан заработи фантастични 264 милиони долари во првиот викенд

Продукциските трошоци на филмот го чинеа студиото Универзал 250 милиони долари, но филмот заработи 124,5 милиони долари викендов само во САД и дополнителни 139,5 милиони долари на 73 пазари надвор од САД.