Преговорите со САД ќе ги води иранската војска, соопшти портпаролот на Одборот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент Ибрахим Резаи.

„Секаков вид преговори со ѓаволот се страгиска грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Трамп“, порача Резаи на социјалната мрежа Икс.

Тој ги повика САД да го признаат поразот во војната против Иран. „Во оваа битка, Америка треба да се предаде и да го признае поразот. Овој пат Трамп ќе биде понижен и тоа целосно“ истакна Резаи.

Вашингтон претходно соопшти дека САД и Иран имале продуктивни разговори, додека Техеран негираше директен дијалог и порача дека примил пораки од посредници во кои се изразува жеба на САД за окончување на конфликтот.

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.