Јужнокорејскиот режисер Бонг Џун Хо во четвртокот во Лондон премиерно ја прикажа својата долгоочекувана мрачна научно-фантастична комедија „Мики17“, што е негов прв филм по оскаровецот „Паразит“.
Заснован на романот „Мики7“ од Едвард Ештон, филмот го наоѓа поранешниот слаткар Мики Барнс, кој го игра Роберт Патинсон, во необична неволја бидејќи мора да умре за да заработи за живот. Во мисија да колонизира далечна планета, Мики мора да умре и да се врати во живот, секој пат како нова верзија од себе.

„Филмот го поставува прашањето: сите ние сме луѓе, но како да живееме почовечки живот?“, изјави Бонг за Reuters.
Бонг влезе во историјата на Оскарите во 2020 година кога „Паразит“, мрачна социјална сатира за јазот меѓу богатите и сиромашните во модерен Сеул, стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје кој ја освоил наградата за најдобар филм, највисокото признание во филмската индустрија. Доби вкупно четири Оскари, вклучително и за најдобра режија и оригинално сценарио.
„Мики 17“, во кој играат и Тони Колет, Наоми Аки, Марк Руфало и Стивен Јеун, ќе се прикажува во кината на 28 февруари во Јужна Кореја и во други земји на 5 март.
Слични новости
Британците не сакаат да зборуваат за долговите, платите и штедењето
Речиси 30 отсто од испитаниците признале дека избегнуваат да зборуваат за чувствителни теми, плашејќи се од расправија
Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва
Ден Стивенс игра во новата хит серија на Нетфликс Zero Day, политички трилер во која го игра популарниот Јутјубер Еван Грин, лик што потсетува на десничарскиот новинар Такер Карлсон со неверојатна убедливост.
Почина продуцентот Стенли Џефи кој доби Оскар за Крамер против Крамер
Познатиот продуцент и менаџер на холивудско студио Стенли Џафи кој доби Оскар за Крамер против Крамер со Дастин Хофман и Мерил Стрип во 1980 почина денеска на 84 годишна возраст