Јужнокорејскиот режисер Бонг Џун Хо во четвртокот во Лондон премиерно ја прикажа својата долгоочекувана мрачна научно-фантастична комедија „Мики17“, што е негов прв филм по оскаровецот „Паразит“.
Заснован на романот „Мики7“ од Едвард Ештон, филмот го наоѓа поранешниот слаткар Мики Барнс, кој го игра Роберт Патинсон, во необична неволја бидејќи мора да умре за да заработи за живот. Во мисија да колонизира далечна планета, Мики мора да умре и да се врати во живот, секој пат како нова верзија од себе.

„Филмот го поставува прашањето: сите ние сме луѓе, но како да живееме почовечки живот?“, изјави Бонг за Reuters.
Бонг влезе во историјата на Оскарите во 2020 година кога „Паразит“, мрачна социјална сатира за јазот меѓу богатите и сиромашните во модерен Сеул, стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје кој ја освоил наградата за најдобар филм, највисокото признание во филмската индустрија. Доби вкупно четири Оскари, вклучително и за најдобра режија и оригинално сценарио.
„Мики 17“, во кој играат и Тони Колет, Наоми Аки, Марк Руфало и Стивен Јеун, ќе се прикажува во кината на 28 февруари во Јужна Кореја и во други земји на 5 март.
Слични новости
„Одисеја “ на Кристофер Нолан го додаде актерот Рајан Хурст во големата актерска екипа
Студиото Универзал претходно соопшти дека кастот на „Одисеја“ ги вклучува А холивудските глумци Мет Дејмонд, Том Холанд, Зендеја, Робер Патинсон, Ен Хатавеј, Шарлиз Терон и Џон Бернтал.
Влезниците за добротворната забава на Амал и Џорџ Клуни ќе чинат 250 000 долари
Американскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал бараат 250.000 долари од гостите за да присуствуваат на нивната раскошна добротворна акција на нивниот имот на италијанското езеро Комо, пренесе Дејли меил.
На западната хемисфера ноќеска имаше целосно замрачување на „крвавата Месечина“
Помрачувањето на Месечината се случува кога Земјата се наоѓа меѓу Сонцето и Месечината, а трите небески објекти се редат во речиси совршен ред наречен сизигија.