Јужнокорејскиот режисер Бонг Џун Хо во четвртокот во Лондон премиерно ја прикажа својата долгоочекувана мрачна научно-фантастична комедија „Мики17“, што е негов прв филм по оскаровецот „Паразит“.
Заснован на романот „Мики7“ од Едвард Ештон, филмот го наоѓа поранешниот слаткар Мики Барнс, кој го игра Роберт Патинсон, во необична неволја бидејќи мора да умре за да заработи за живот. Во мисија да колонизира далечна планета, Мики мора да умре и да се врати во живот, секој пат како нова верзија од себе.

„Филмот го поставува прашањето: сите ние сме луѓе, но како да живееме почовечки живот?“, изјави Бонг за Reuters.
Бонг влезе во историјата на Оскарите во 2020 година кога „Паразит“, мрачна социјална сатира за јазот меѓу богатите и сиромашните во модерен Сеул, стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје кој ја освоил наградата за најдобар филм, највисокото признание во филмската индустрија. Доби вкупно четири Оскари, вклучително и за најдобра режија и оригинално сценарио.
„Мики 17“, во кој играат и Тони Колет, Наоми Аки, Марк Руфало и Стивен Јеун, ќе се прикажува во кината на 28 февруари во Јужна Кореја и во други земји на 5 март.
Слични новости
Ракетата на Спејсекс полета за да преземе двајца американски космонаути
Вселенската ракета Фалкон 9 на американската компанија „Спејсекс“ со четири астронаути полета од Флорида за да преземе двајца астронаути кои се заглавени на Меѓународната вселенска станица ИСС.
Тејлор Свифт заработила над 100 милиони долари од стриминг платформата Спотифај
Британскиот весник Дејли Меил објави дека Тејлор Свифт заработила 103,5 милиони долари од услугите на стримиг платформата Спотифај за 2024.
Де Ниро во двојна улога во мафијашкиот филм „The Alto Knights“
Славниот холивудски актер Роберт де Ниро игра не еден туку два главни лика во биографската криминалистичка драма „The Alto Knightsто“ која наскоро доаѓа во кината