Јужнокорејскиот режисер Бонг Џун Хо во четвртокот во Лондон премиерно ја прикажа својата долгоочекувана мрачна научно-фантастична комедија „Мики17“, што е негов прв филм по оскаровецот „Паразит“.
Заснован на романот „Мики7“ од Едвард Ештон, филмот го наоѓа поранешниот слаткар Мики Барнс, кој го игра Роберт Патинсон, во необична неволја бидејќи мора да умре за да заработи за живот. Во мисија да колонизира далечна планета, Мики мора да умре и да се врати во живот, секој пат како нова верзија од себе.

„Филмот го поставува прашањето: сите ние сме луѓе, но како да живееме почовечки живот?“, изјави Бонг за Reuters.
Бонг влезе во историјата на Оскарите во 2020 година кога „Паразит“, мрачна социјална сатира за јазот меѓу богатите и сиромашните во модерен Сеул, стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје кој ја освоил наградата за најдобар филм, највисокото признание во филмската индустрија. Доби вкупно четири Оскари, вклучително и за најдобра режија и оригинално сценарио.
„Мики 17“, во кој играат и Тони Колет, Наоми Аки, Марк Руфало и Стивен Јеун, ќе се прикажува во кината на 28 февруари во Јужна Кореја и во други земји на 5 март.
Слични новости
Се урна историска кула во Холандија
Трисетметарската кула беше популарна туристичка атракција. Градоначалникот на Валкенбург, Даан Прево, изјави дека уривањето се случило утрото
Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите
Истражувачите заклучиле дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак
Летово постхумно ќе бидат објавени новите песни на ова лето
Фејтфул, една од најживописните фигури на таканаречениот „Swinging London“ од 60-те години на минатиот век, се соочуваше во одредени периодот со бездомништво, зависност и рак