
Езра Еделман, режисерот на деветчасовниот документарец за музичкатаѕвезда Принц изјави дека одлуката на Нетфликс да не го емитува неговиот документарец на стриминг платформата е кратковида.
Документарецот на Еделман предизвика контроверзи кога Њујорк тајмс напиша дека во документарецот Принц е обвинет за психичко малтретирање на неговите партнерки.
Нетфликс потоа објави дека нема да го емитува документарецот, туку дека наместо тоа, ќе работат со фондацијата за зачувување на музичкото наследство на Принц на нов проект, во кој ќе биде користена архивата на фондацијата.
Еделман кој доби Оскар за документарецот „O.J. Made in America“, рече дека фондацјата на Принц не побила ниту еден факт од неговиот документарец кој е засниван на вистината. Прашањето во овој случај не е околу тоа што е вистината туку кој ја има контролата врз проетот.
Слични новости
Премиера на серијата „Zero Day“ на Нетфликс
На црвениот килим се појавија големите ѕвезди Роберт Де Ниро и Анџела Басет кои ги толкуваат главните улоги во новата трилер серија на Нетфликс.
Одложена премиерата на Спајдермен 4, поради Одисеја
Премиерата на филмот Спајдермен 4 со Том Холанд, е одложена за две недели по премиерата на филмот Одисеја на Кристофер Нолан во кој исто така настапува Том Холанд.
Марти Скорцесе подготвува нов мафијашки филм во стилот на Дипартед
Легендарниот режисер Марти Скорцесе собра импресивна актерска екипа за неговиот нов мафијашки филм. Во новиот филм на Скорцесе ќе играат големите холивудски ѕвезди Леонардо ДиКаприо, Двејн Џонсон и Емили Блант.