Езра Еделман, режисерот на деветчасовниот документарец за музичкатаѕвезда Принц изјави дека одлуката на Нетфликс да не го емитува неговиот документарец на стриминг платформата е кратковида.

Документарецот на Еделман предизвика контроверзи кога Њујорк тајмс напиша дека во документарецот Принц е обвинет за психичко малтретирање на неговите партнерки.

Нетфликс потоа објави дека нема да го емитува документарецот, туку дека наместо тоа, ќе работат со фондацијата за зачувување на музичкото наследство на Принц на нов проект, во кој ќе биде користена архивата на фондацијата.

 

Еделман кој доби Оскар за документарецот „O.J. Made in America“, рече дека фондацјата на Принц не побила ниту еден факт од неговиот документарец кој е засниван на вистината. Прашањето во овој случај не е околу тоа што е вистината туку кој ја има контролата врз проетот.

Слични новости

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ден Стивенс игра во новата хит серија на Нетфликс Zero Day, политички трилер во која го игра популарниот Јутјубер Еван Грин, лик што потсетува на десничарскиот новинар Такер Карлсон со неверојатна убедливост.