За време на предизборниот молк заклучно до 7 часот утрово, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се десет пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани, информира портпаролот на МВР Гоце Андреевски.

 

„Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови. Во врска со вчерашното гласање регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари, при што е приведено едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, посочи Андреевски.

Нагласи дека на сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето.

globe

Слични новости

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија