Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија место во осминафиналето на шпанскиот Кралски Куп откако го победија третолигашот Талавера де ла Реина со 3:2 на гостински терен.

Головите за „Кралскиот клуб“ ги постигнаа Килијан Мбапе (41 од пенал и 88) и Манеул Ферандо (45+1-автогол), додека погодоците за домаќините ги постигнаа Нахуел Аројо (80) и Гонзало Ди Ренцо (90). Во последните моменти од натпреварот, домаќините имаа одлична шанса да го израмнат резултатот на 3:3, но Андриј Лунин одлично го одбрани ударот на Ди Ренцо.

 

Претходно и фудбалерите на Осасуна се пласираа во осминафиналето на шпанскиот Куп на кралот откако го победија второлигашот Уеска со 4:2 на гостински терен по продолженијата

Раул Гарсија (45+1, 95) и Асиер Осамбела (111) постигнаа голови за Осасуна, а Анте Будимир кој влезе во игра во 105. минута погоди во 113. минута. Даниел Луна (35) и Икер Кортахарена (105+1) постигнаа голови за Уеска.

Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад, Валенсија веќе се квалификуваа за осминафиналето. Реал Мадрид ќе патува кај третолигашот Талавера де ла Реина за пласман во осминафиналето.

globe

Слични новости

„Пикси“ пред ангажман во рускиот фудбалски клуб Рубин

„Пикси“ пред ангажман во рускиот фудбалски клуб Рубин

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Србија Драган Стојковиќ „Пикси“ уште оваа зима би можел да се врати на тренерското столче, два месеци откако даде оставка на функцијата селектор на српската репрезентација.