Шпанскиот тренер Чаби Алонсо доби ненадеен отказ од Реал Мадрид веднаш по враќањето од Џеда каде што се играше Суперкупот на Шпанија. Отказот доаѓа на половина од првата сезона, а клубот поради едностраното раскинување на договорот е должен да му ја исплати првата година од договорот.
Алонсо летоска потпиша договор со Реал на три година за 21 милион евра, но со клаузула според која во случај на отказ во дебитантската сезона клубот е должен да му ги исплати парите само за првата година од договорот. Тоа значи дека Реал на Алонсо ќе му исплати седум милиони евра и дека шпанскиот тренер останува кус за 14 милиони евра.
Реал минатото лето му плати на Баер Леверкузен 10 милиони евра за доаѓањето на Алосно, што значи дека авантураната со Чаби Алонсо го чинеше Реал 17 милиони евра.
Слични новости
Оклахома и Лејкерс очекувано ги победија Сакраменто и Далас
По серијата порази Лејкерси утринава ја забележија и втората победа во низа врз ослабениот тим на Сакраменто со 124:108. Лука Дончиќ забележа 28 коша и 9 асистенции, а ветеранот Леброн Џејмс даде 24 коша за Лејкерс.
Тешка повреда на Емре Џан од Борусија
Некогашниот фудбалер на Ливерпул ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото што ќе го оддалечи од фудбалските терени подолг период.
Денвер поразен на домашен терен од Минесота
Денвер продолжи со серијата порази на домашен терен и падна на петтото место во Западната конференција, откако синоќа беше поразен од Минесота 117:108.


