Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Рајо Ваљекано со 2:1 на домашен терен во 27. коло од шпанското првенство и се искачија на второто место на табелата.

Реал поведе во 30. минута со голот на Килијан Мбапе, а четири минути подоцна Винисиус Жуниор го удвои водството на додавање на Лука Модриќ. Конечниот резултат го постави Педро Диас во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.

Реал сега има 17 победи и се искачи на второто место на табелата со 57 бодови, исто колку и првопласираната Барселона, но со натпревар помалку и подобра гол-разлика. Третопласираниот Атлетико Мадрид има 56 бодови. Рајо Ваљекано на последните четири натпревари освои бод, а по деветиот пораз се наоѓа на седмото место во поредокот со 36 бодови.

globe

Слични новости

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите