
Реал Мадрид ја пропушти шансата да се одлепи на четири бодови разлика од своите ривали во шпанската Ла Лига, откако ремизираше со Осасуна 1:1. Реал Мадрид поведе во 11 минута со голот на Килијан Мбапе, а потоа пред крајот на првото полувреме англискиот интернационалец Џад Белингам доби црвен картон. Во второто полувреме со играч повеќе Осасуна успеа да изедначи од пенал.
Киксот на Реал не го искористи второпласираниот Атлетико Мадрид кој одигра нерешено со Селта. И Атлетико играше со играч помалку и од тоа уште од седмата минута на мечот кога црвен картон доби Бариос по интервенција на ВАР собата. Натпреварот заврши 1:1, а Атлетико спасуваше бод и израмни во 81 минута, откако Селта поведе од пенал во 68 минута од мечот.
Слични новости
Нов деветти пораз на Манчестер сити овој пат од Нотингем Форест
Би Би Си објави дека за прв пат откако менаџер на тимот е Пеп Гвардиоала Манчестер сити може да не учествува во Лигата на шампионите
Историски трипл дабл на Јокиќ во победата на Денвер врз Феникс
МВП-то на НБА лигата Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА што на еден натпревар постигнал најмалку 30 поени, 20 скокови и 20 асистенции.
Кадилак и официјално во Формула 1 од 2026.
Во петокот беше официјално објавено дека тимот на Кадилак ќе учествува на Светското првенство во Формула 1 од 2026 година