Фудбалерите на Еспањол денеска го иненадија фаворизираниот Реал Мадрид и го победија со 1:0 со голот на Карлос Ромеро во 85-тата минута. За неволјата на Реал Мадрид да биде поголема на натпреварот се повреди нивниот стопер Антонио Рудигер кој мораше да биде заменет во 14 минута од мечот.

Рудигер беше единствениот здрав стопер на Реал Мадрид пред исклучително важните натпревари портив Атлетико Мадрид во Ла Лига и Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид пак со 2:0 ја победи Мајорка на домашен терен со головите на Лино и Гризман. Со оваа победа Атлетико се доближи на само едн бод разлика од водечкиот Реал Мадрид. Барцелона има седум бодови помалку од Реал, но и натпревар помалку кој утре ќе го одигра против Алавес.

 

Слични новости

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Голема размена се случи во американската професионална кошаркарска НБА лига, во која учествуваа три клуба, а беа разменети седум играчи и уште седум избори на драфтот, а најголемото име што го промени клубот беше „Ол-стар“ бекот Де’Арон Фокс, кој премина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс

Лука Дончиќ допатува во Лос Анџелес и порача дека доаѓа за да освојува титули

Лука Дончиќ допатува во Лос Анџелес и порача дека доаѓа за да освојува титули

Лејкерс денеска му посакаа добредојде на Дончиќ, кој рече дека кошарката му значи се, без оглед каде игра. „Ќе играм со истата радост, истата страст и истата цел – да освојувам титули“ им порача Дончиќ на навивачите на Лејкерс.