Реал Мадрид мора да доведе централен бек во летниот преоден рок, а главен кандидат за таа позиција е 22-годишниот англиски репрезентативец на Евертон, Џерад Брантвејт, објавија во средата британските медиуми.

„Кралскиот клуб“ е многу слаб на стоперската позиција. Бразилецот Едер Милитао поради повреда нема да игра до крајот на оваа сезона, а на Антонио Рудигер (31) и Давид Алаба (32) им истекуваат договорите во јуни следната година. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти добро го познава Брантвејт, кој го имаше своето деби во Премиер лигата додека „Дон Карло“ беше на чело на Евертон.
Минатото лето Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Брантвејт, но Евертон категорично ја одби нивната понуда. „Тофите“ бараат висока отштета за англискиот репрезентативец, а тоа можат да го сторат бидејќи неговиот договор е до јуни 2027 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Британските медиуми пишуваат дека Евертон не сака да го продаде Брантвејт, но дека ќе се разгледаат понудите поголеми од 85 милиони евра.
Слични новости
Најтежок домашен пораз на Јуве по шест децении
Аталанта му го нанесе најтешкиот пораз на Јувентус на домашен терен во последните 60 години. Во дербито од 28. коло на италијанското фудбалско првенство, Аталанта го понижи Јувентус со 4:0 во Торино, остварувајќи ја првата победа на последните девет меѓусебни средби
Реал Мадрид со победа скока на второто место
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Рајо Ваљекано со 2:1 на домашен терен во 27. коло од шпанското првенство и се искачија на второто место на табелата
Кастелс се откажа од белгиската репрезентација во знак на протест
Белгискиот голман 32-годишниот Коен Кастелс ја напушти репрезентацијата во знак на протест поради претстојното враќање во тимот на неговиот сонародник и врсник Тибо Куртоа