Реал Мадрид мора да доведе централен бек во летниот преоден рок, а главен кандидат за таа позиција е 22-годишниот англиски репрезентативец на Евертон, Џерад Брантвејт, објавија во средата британските медиуми.

„Кралскиот клуб“ е многу слаб на стоперската позиција. Бразилецот Едер Милитао поради повреда нема да игра до крајот на оваа сезона, а на Антонио Рудигер (31) и Давид Алаба (32) им истекуваат договорите во јуни следната година. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти добро го познава Брантвејт, кој го имаше своето деби во Премиер лигата додека „Дон Карло“ беше на чело на Евертон.

Минатото лето Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Брантвејт, но Евертон категорично ја одби нивната понуда. „Тофите“ бараат висока отштета за англискиот репрезентативец, а тоа можат да го сторат бидејќи неговиот договор е до јуни 2027 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Британските медиуми пишуваат дека Евертон не сака да го продаде Брантвејт, но дека ќе се разгледаат понудите поголеми од 85 милиони евра.

globe

Слични новости

Арсенал се откажа од борбата за титулата

Арсенал се откажа од борбата за титулата

Тренерот на Арсенал Микел Артета кој на вчерашниот напревар со Манчестер Јунајтед по 200 пат водеше екипа во Премиер лигата, нема големи причини за прослава на јубилејот, откако стана јасно дека Арсенал уште една сезона нема да може да стигне до титулата.

Клиперси го победија Сакраменто по продолженија 111:110

Клиперси го победија Сакраменто по продолженија 111:110

Кошаркарите на ЛА Клиперс утринава на свој терен по продолженија го победија Сакраменто со резултат 111:110. Најефикасни во екипата на Клиперс беа Џејмс Хардen со 29 коша и 11 асистенции, а Ивица Зубац постигна 22 коша и 14 скокови.