Реал Мадрид мора да доведе централен бек во летниот преоден рок, а главен кандидат за таа позиција е 22-годишниот англиски репрезентативец на Евертон, Џерад Брантвејт, објавија во средата британските медиуми.

„Кралскиот клуб“ е многу слаб на стоперската позиција. Бразилецот Едер Милитао поради повреда нема да игра до крајот на оваа сезона, а на Антонио Рудигер (31) и Давид Алаба (32) им истекуваат договорите во јуни следната година. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти добро го познава Брантвејт, кој го имаше своето деби во Премиер лигата додека „Дон Карло“ беше на чело на Евертон.
Минатото лето Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Брантвејт, но Евертон категорично ја одби нивната понуда. „Тофите“ бараат висока отштета за англискиот репрезентативец, а тоа можат да го сторат бидејќи неговиот договор е до јуни 2027 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Британските медиуми пишуваат дека Евертон не сака да го продаде Брантвејт, но дека ќе се разгледаат понудите поголеми од 85 милиони евра.
Слични новости
Барселона убедлива за врвот во Ла Лига
Фудбалерите на Барселона лесно го совладаа Реал Сосиедад со 4:0 на домашен терен во неделата во рамките на 26. коло од шпанската Ла Лига и повторно го преземаа првото место на табелата
МотоГП: Марк Маркез победи на првата трка
Шпанската мотоциклистичка ѕвезда Марк Маркез од тимот на Дукати е победник на првата трка од сезоната на Светскиот шампионат во МотоГП во Бурирам, Тајланд
НБА: Пораз на Вориорс, Детроит се врати на победите
Квентин Грајмс постигна рекордни во кариерата 44 поени, со шут 18 од 24, додека Филаделфија 76ерс ја прекинаа серијата од девет порази со победата од 126:119 на домашен терен над Голден Стејт Вориорс