Реал Мадрид мора да доведе централен бек во летниот преоден рок, а главен кандидат за таа позиција е 22-годишниот англиски репрезентативец на Евертон, Џерад Брантвејт, објавија во средата британските медиуми.

„Кралскиот клуб“ е многу слаб на стоперската позиција. Бразилецот Едер Милитао поради повреда нема да игра до крајот на оваа сезона, а на Антонио Рудигер (31) и Давид Алаба (32) им истекуваат договорите во јуни следната година. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти добро го познава Брантвејт, кој го имаше своето деби во Премиер лигата додека „Дон Карло“ беше на чело на Евертон.
Минатото лето Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Брантвејт, но Евертон категорично ја одби нивната понуда. „Тофите“ бараат висока отштета за англискиот репрезентативец, а тоа можат да го сторат бидејќи неговиот договор е до јуни 2027 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Британските медиуми пишуваат дека Евертон не сака да го продаде Брантвејт, но дека ќе се разгледаат понудите поголеми од 85 милиони евра.
Слични новости
Винисиус сака што поскоро да го обнови договорот со Реал Мадрид
Бразилскиот напаѓач Винисиус Јуниор изјави дека е среќен во Реал Мадрид и сака што поскоро да го обнови договорот со Кралскиот клуб
НБА: Гилџеус-Александер постигна 51 за 50. победа на Тандер сезонава
Водечкиот тим во западната конференција на американската професионална кошаркарска лига НБА, Оклахома Сити Тандер, на домашен терен го совлада Хјустон Рокетс со 137:128, а најдобриот играч на Тандер, Шаи Гилџеус-Александер повторно го предводеше својот тим со 51 поен
Лејкерс подобри од Клиперс во дербито на Лос Анџелес
Лос Анџелес Клиперс се поразени во градското дерби во кое Лејкерс беа подобри од нив со 108:102. Клиперс беа предводени од Кави Ленард со рекордни за сезоната 33 поени и 10 скока, Крис Дан додаде 15 поени за Клиперси кои загубија по петти пат во шест натпревари